УТРО.мк

Катастрофа во Албанија: Илјадници домови под вода – прогласена тревога, армијата на терен!

Катастрофа во Албанија: Илјадници домови под вода  – прогласена тревога, армијата на терен!
Vero

Околу илјада домови и повеќе од 1.500 хектари земјоделско земјиште беа поплавени по катастрофалните дождови што ја погодија Албанија. Стотина семејства се евакуирани, десетици мостови се оштетени, а регистрирана е и една жртва во село кај Девол.

Министерот за одбрана, Пиро Венгу, од Мобилниот центар за цивилни вонредни состојби соопшти дека најголеми штети претрпеа регионите Лежа, Пешкопеја, Фиер, Берат, Корча, Ѓирокастро и Валона. Високите речни текови и силните врнежи предизвикале хаос на терен, каде што екипите работат без престан.

Во Лежа се поплавени 600 домови, во Корча 300, во Валона 52, а во Фиер дополнителни 25 домови. Поради опасност од надојдени води, привремено се евакуирани 52 семејства во Валона, 18 во Корча и уште неколку семејства во останатите погодени општини.

Оштетени се речиси 20 мостови – дел од нив ќе треба да се градат од почеток. Најкритична е состојбата на каскадата на Дрим, каде што се наоѓаат најголемите хидроелектрани во земјата, а од правилното управување зависи избегнување на нови поплави, особено во регионот на Скадар.

Албанската армија е активно вклучена во спасувачките операции, евакуација на населението, дистрибуција на храна и зајакнување на насипите и браните. Ситуацијата останува нестабилна, а властите предупредуваат дека ризикот не е минат.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран