УТРО.мк

Скопската железничка станица ќе се реконструира со современи архитектонски елементи

Скопската железничка станица ќе се реконструира со современи архитектонски елементи
Vero

Железничката станица во Скопје ќе добие целосно нов, модерен изглед кој ќе го спои оригиналното архитектонско решение на Кензо Танге со современи елементи, изјави директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

Ивановски објасни дека проектот се развива во соработка со Градежниот и Архитектонскиот факултет, при што паралелно се работи и на расчистување на просторот. Во тек е акција за отстранување на сите рекламни паноа што го нарушуваат изгледот на објектот, како и подолго време запуштените билборди поставени пред дваесетина години.

„Започнавме проект за внатрешна и надворешна реконструкција на железничката станица. Ќе се обнови целата електрична, машинска и комунална инфраструктура, а надворешно ќе се зачува автентичниот изглед на Танге со додавање модерни архитектонски детали“, изјави Ивановски.

Тој додаде дека проектот треба да биде завршен за година и половина до две години, по што ќе се бара соодветно финансирање за реализација.

Во меѓувреме, освен отстранувањето на билбордите, во тек е и акција за чистење на сите графити и постери, како и обновување на првичната боја на столбовите со цел да се врати достоинствениот изглед на станицата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран