УТРО.мк

ЕУ изрази разочарување од Косово

ЕУ изрази разочарување од Косово
Vero

Европската Унија изрази разочарување што Косово не успеа да ја надмине долготрајната политичка криза и нагласи дека Приштина треба да се фокусира на дијалогот со Србија.

Во одговор до порталот Фронт Онлајн, ЕУ оцени дека политичките партии во Косово не успеале да го решат долгогодишниот ќорсокак по парламентарните избори од февруари, поради што се закажани нови избори на 28 декември. Унијата го нагласува значењето на добро организиран и конкурентен изборен процес, со сертификација на политичките партии и акредитација на медиумите од сите заедници.

„Очекуваме Косово да се врати на патот на неопходните реформи поврзани со ЕУ, за доброто на населението и за напредок во нормализацијата на односите со Србија“, се наведува во соопштението. ЕУ е подготвена да соработува со новоизбраните косовски институции и да продолжи со поддршка на Косово на неговиот пат кон интеграција во Унијата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран