УТРО.мк

Повеќе уапсени во Тетовско – МВР со детали

Повеќе уапсени во Тетовско – МВР со детали
Vero

На 22.11.2025 година во 20:10 часот полициски службеници од ПО Теарце во с.Глоѓи лишиле од слобода двајца 17- годишници од с.Пршовце. Едниот од нив, кога ги забележал полициските службеници, фрлил четири паковки со зелена тревкаста материја. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.
…….
На 22.11.2025 година во 22:20 часот полициски службеници од ПО Јегуновце на локален пат од Јегуновце кон влез за с.Нераште, го лишиле од слобода Ф.Р.(30) од с.Долно Орашје. Кај него била пронајдена и одземена марихуана и остар предмет. Тој бил задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок.
…….
На 22.11.2025 година во 22:30 часот полициски службеници од ПО Теарце на локален пат во с. Доброште го привеле А.Б.(23) од с.Теарце, кој се превезувал со патничко моторно возило „ауди” со тетовски регистерски таблици, управувано од Е.С. (24) од с.Слатино. Кај А.Б. е пронајдена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
…….

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран