УТРО.мк

Критична состојба во Албанија – Поплавите ја зедоја прва жртва

Критична состојба во Албанија – Поплавите ја зедоја прва жртва
Vero

Жена од Девол, која исчезна вчера, е пронајдена мртва, потврдуваат албанските власти. Се работи за 76-годишната Флора Хоџа, која боледувала од деменција. Нејзиниот син забележал дека мајка му го напуштила домот наутро, по што веднаш бил подигнат алармот.

Ситуацијата останува сериозна во некои региони, особено Фиер и Валона, каде реката Семан достигна критично ниво, потопувајќи цели населби. Метеоролозите предупредуваат дека доколку врнежите продолжат, може да се предизвика уште една катастрофа за жителите на југозападна Албанија.

Реките Вјоса и Шкумбини покажуваат подобрување, додека кај мостот Мифоли нивото на водата е намалено. Во Берат, реката Осуми предизвика големи поплави и го оштети системот за вода за пиење, па општината Димал предупредува дека водата не е за консумација додека службите за итни случаи ја чистат калта и водата.

Во регионите Леж и Курбин продолжуваат работите за зајакнување на насипите на реките Дроје и Тале. Во Девол, пак, хидроцентралата Моглица била принудена да ја отвори првата итна порта поради максималните протоци на реката Девол.

Состојбата останува критична, а властите апелираат на внимателност и следење на упатствата за евакуација.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран