УТРО.мк

Трамп удри со краен рок: Путин има само уште 10 дена

Трамп удри со краен рок: Путин има само уште 10 дена
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп драматично го скрати рокот што му го даде на рускиот претседател Владимир Путин за постигнување мировен договор со Украина – од 50 на само 10 до 12 дена.

„Нема повеќе чекање. Доста е. Ако нема договор, следуваат секундарни санкции и царини – 100% ако треба!“, изјави Трамп од своето голф-одморалиште во Шкотска, додека стоеше рамо до рамо со британскиот премиер Кир Стармер.

Според него, светот е уморен од празни ветувања и изговори: „Сакам договор. Сакам крај на оваа војна. Но, не гледаме напредок. Напротив, Путин продолжува да ракетира градови како Киев. Колку уште?“

Трамп предупреди дека доколку Путин не покаже подготвеност за преговори, следува економски цунами – санкции и царини кон секоја држава што тргува со Русија.

„100% царини за секого што продолжува да го поддржува режимот во Москва. Нема да дозволам Америка да биде пасивен набљудувач“, рече тој, испраќајќи јасна порака до Кина, Индија и другите трговски партнери на Русија.

Оваа нова ескалација доаѓа по разочарувањето на Трамп што, според него, Путин не направил ниту еден сериозен чекор кон мирот: „Мислевме дека сме блиску неколку пати, а тој пак почнува со ракети и крвопролевање.“

Со овој потег, Трамп се позиционира како главен меѓународен притискач за прекин на конфликтот, но и како лидер кој е подготвен на крајни економски мерки за да го добие она што го сака – брз мир, по негови услови.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран