УТРО.мк

Тетовската фолк-пејачка Силвана Крстовска, блесна во полн сјај на тетовскиот плоштад

Тетовската фолк-пејачка Силвана Крстовска, блесна во полн сјај на тетовскиот плоштад
Vero

Во рамки на манифестацијата „Тетовско културно лето 2025“, вечерта на 27 јули, тетовскиот плоштад беше исполнет со фолклор, музика и гордост, а тетовчани имаа можност да уживаат во настап на разни играорни групи и вокални изведувачи. Настанот „Фолклорни игри под Шара“ ги обедини традицијата и современата естрада, а особено внимание привлече настапот на познатата тетовска фолк-пејачка Силвана Крстовска.

Силвана се претстави со две родољубиви композиции – „Наше Тетовско“ и нејзината нова песна „Раотински Илинден“, реализирана во соработка со групата „Мистерија“ од Канада. Тетовската фолкерка ја воодушеви публиката, а сцената дополнително беше збогатена со настапот на младите играорки Јана Евкоска и Сандра Смиљановска кои гордо го носеа македонското знаме.

Покрај изведбата, Крстовска вечерта со нејзиниот стајлинг во црвено и црните и црвени нишки врз нејзините раце го привлече вниманието на присутните – а тоа фолкерката го искористи да испрати симболична порака.

На прашање за симболиката, Крстовска одговори: „Црвените и црните конци на рацете се всушност конците од ‘Везилка’ на Блаже Конески. Моите песни се родољубиви, исполнети со љубов кон татковината, народот, верата и славата Илинден. Како уметничка – и пејачка и поетеса – одлучив овие две форми да ги спојам на сцената. Верувам дека тоа беше полн погодок.“

„Тетово прославува – Тетовско културно лето 2025“ е културно-уметничка и спортска манифестација што се одржува од 16 јули до 3 август, под организација на Општина Тетово и помогнато од донатори. Програмата опфаќа спортски активности, изложби на стари и луксузни возила, како и културни настапи на заедниците – албанската, македонската, турската и ромската – кои преку музика и танци промовираат социјална кохезија.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран