На 28 јули 2025 година, околу 11:30 часот, патролна единица од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Меџитлија пронајде две гранати на локација позната како „Мост“.
Гранатите веднаш беа обезбедени и подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување. Надлежните служби извршија увид на местото на настанот и потврдија дека експлозивните направи се успешно и безбедно отстранети.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека во координација со сите надлежни институции ќе се продолжи со теренски проверки за да се спречат потенцијални закани по безбедноста на граѓаните.