На 28.07.2025 година, во село Ѓермо, тетовско, полицијата ги лиши од слобода СЈ.С.(34) и Т.Б.(37) од с.Сараќино, поради нелегална сеча на огревно дрво. Тие беа затекнати од вработени во ЈП „Национални шуми“ како сечат дрва без дозвола. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена пријава согласно член 235 од Кривичниот законик и член 57 од Законот за шуми.