УТРО.мк

Трамп: Ќе наредам Израел да ги продолжи борбите во Газа ако Хамас не го исполни договорот

Трамп: Ќе наредам Израел да ги продолжи борбите во Газа ако Хамас не го исполни договорот
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека може да ѝ нареди на израелската војска да ги продолжи операциите во Појасот Газа доколку Хамас не ги исполни своите обврски од неодамнешниот договор за прекин на огнот.

Во телефонско интервју за CNN, Трамп беше запрашан што ќе се случи ако Хамас одбие да се разоружа.

– Размислувам за тоа. Израел ќе се врати на улиците штом дадам знак. Ако можеше Израел да влезе и да „ги скрши“, тоа веќе ќе го направеше – изјави Трамп.

Тој додаде дека морал да ги „запре“ израелските сили и дека имал сериозен разговор со премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Според CNN, Трамп изјавил дека ситуацијата со Хамас „брзо ќе се реши“.

Во средата, Хамас соопшти дека ги предал сите заложници до кои можел да дојде, но Израел возврати со закана дека ќе го ограничи или целосно ќе го прекине дотокот на хуманитарна помош во Газа, сметајќи дека бројот на предадени тела е „премал“.

Во меѓувреме, борци на Хамас јавно погубиле неколку Палестинци обвинети дека соработувале со израелската армија. На тоа реагираше највисокиот американски воен претставник, повикувајќи Хамас да го запре насилството и убиствата на невини цивили.

На прашањето дали убиените биле навистина невини луѓе, Трамп одговори:
– Го истражувам тоа. Ќе дознаеме наскоро. Можеби се работи за банди, а можеби и за нешто повеќе.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран