УТРО.мк

Трамп длабоко незадоволен од разговорот со Путин: „Сака да оди до крај“

Трамп длабоко незадоволен од разговорот со Путин: „Сака да оди до крај“
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу незадоволен“ од телефонскиот разговор што го имал претходниот ден со рускиот претседател Владимир Путин, бидејќи, како што нагласи, разговорот не донел никаков напредок кон запирање на војната во Украина.

„Ситуацијата е многу тешка. Ви реков – многу сум незадоволен од разговорот со претседателот Путин. Тој сака да оди до крај, да продолжи со убивање луѓе. Тоа не е добро“, изјави Трамп пред новинарите во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“.

Тој додаде дека размислува за воведување нови санкции против Русија, откако изминатите шест месеци се воздржуваше од таков чекор во обид да го убеди Путин да го прекине воениот конфликт.

„Многу разговараме за санкции,“ рече Трамп, додавајќи дека рускиот претседател е свесен дека тие „можат да бидат повторно активирани“.

Американскиот претседател, исто така, соопшти дека во петокот имал „многу стратешки разговор“ со украинскиот претседател Володимир Зеленски, во контекст на сè поголемата загриженост во Киев во однос на континуитетот на американската воена помош.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран