УТРО.мк

Почина писателот Цане Андреевски

Почина писателот Цане Андреевски
Vero

Македонскиот писател Цане Андреевски почина денеска во Скопје, на 95-годишна возраст.

Роден во Кратово во 1930 година, Андреевски го започнал своето образование во родниот град, по што завршил Учителска школа и дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје.

Својата професионална кариера ја посвети на новинарството и литературата, работeјќи како уредник во детски списанија и весникот „Млад Борец“, а најголемиот дел од животот го мина во Радио Скопје, каде што беше уредник на Културната редакција.

Добитник е на наградата „Кочо Рацин“ на Радио-телевизија Скопје, доделена во рамки на Струшките вечери на поезијата.

Погребот на Цане Андреевски ќе се одржи во понеделник, на 7 јули, од 10 часот на Градските гробишта во Бутел.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран