УТРО.мк

Дневен хороскоп за понеделник – 7 јули: Финансиската слика се подобрува за еден хороскопски знак, друг ќе се најде во незавидна ситуација

Дневен хороскоп за понеделник – 7 јули: Финансиската слика се подобрува за еден хороскопски знак, друг ќе се најде во незавидна ситуација
Vero

ОВЕН

Иако планетарните аспекти не ви се наклонети, успевате да ги исполните обврските на време. Не губете надеж – пред вас се отвораат подобри денови. Денес е идеален момент за излегување и пријатно дружење. Здравствено – стабилни сте.

БИК

Соработката со една Девица ви носи значајни придобивки. Периодов нуди повеќе можности отколку што самите забележувате – отворете ги очите. Посветете го денот на нешто што ве исполнува и поминете време со сакана личност. Внимавајте на грлото.

БЛИЗНАЦИ

Работната атмосфера е напната – важно е да ги забележите и ситниците, не само она што вам ви одговара. Во љубовта, личност на која често мислите, чувствува исто. Престанете да се двоумите. Излезете на свеж воздух.

РАК

Доколку планирате промени на работа, денес не е најсоодветниот момент – вашето расположение е променливо. Желбата да импресионирате некого не ви носи очекувани резултати. Наместо тоа, бидете искрени и конкретни. Пијте повеќе течности.

ЛАВ

Иако не сте во идеална ситуација, постои излез. Добра понуда за соработка може да дојде од неочекуван правец – особено од некоја Риба, но не брзајте. Во љубовта, поставете граници – не очекувајте премногу. Можни се симптоми на тахикардија.

ДЕВИЦА

Влегувате во нов работен ангажман со ентузијазам, но потребно е подобро усогласување со тимот. Во љубовта, вложувате емоции во личност која не ви возвраќа на ист начин – време е за преиспитување. Можно е сува кашлица.

ВАГА

Отворени сте за нови соработки и тоа ви носи позитивна енергија. Посветете внимание на организациските детали. Доколку сте во сериозна врска, денешниот ден е погоден за разговор за иднина или брак. Опуштете се со пријатна музика.

ШКОРПИЈА

Се чувствувате под притисок поради финансиски потреби. Забележувате промени во буџетот. Во љубовта, интензивно ве привлекува личност родена во знакот Рак – време е да ги покажете чувствата. Освободете се од стресот.

СТРЕЛЕЦ

Надредените имаат високи очекувања од вас. Фокусирајте се на задачите, бидејќи тоа може да влијае на вашата идна позиција. Во љубовта, следите сопствени патишта без да барате одобрување – и тоа ви годи. Изложени сте на стрес.

ЈАРЕЦ

Финансиската слика се подобрува, а неделава може да донесе нови можности за напредување. Во љубовта, ве очекуваат поубави моменти отколку досега – некој Рак е исклучително заинтересиран за вас. Пазете се од нагли емоционални реакции.

ВОДОЛИЈА

Иако расте интересот за повисоки приходи, сѐ уште не преземате конкретни чекори. Во љубовта, не ја игнорирајте блискоста со еден Јарец – оваа врска има потенцијал. Здравствено – се чувствувате одлично.

РИБИ

Добивате понуда за соработка поврзана со странство – разгледајте ја внимателно. Дури и ако не сѐ оди по план, не губете верба – некој ве следи и ве вреднува, но му треба време. Пронајдете внатрешен мир преку медитација.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран