Во центарот на Струга, вечерва со голема свеченост беше отворен изборниот штаб за локалните избори, симбол на надежта и најавата за нов почеток. Меѓу многубројните граѓани и поддржувачи, првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, испрати силна порака: „Струга се разбуди – време е за промени!“

Во атмосфера исполнета со ентузијазам и верба, Меџити најави дека овој изборен штаб ќе биде срцето на промените, а на негово чело ќе стои Албрим Хоџа – млад, посветен и визионерски лидер со длабоки корени во струшката заедница.
„Под водство на Албрим Хоџа, овој штаб ќе стане моторот на победата. Ние не ветуваме празни зборови, туку конкретна работа, правичност и достоинствено владеење“, порача Меџити.

Движењето ВЛЕН даде целосна поддршка на независната кандидатура на бизнисменот Менди Ќура, за кого Меџити рече дека е „вистински пример за успех, интегритет и визија за развој на Струга“.
„Ова е моментот кога Струга решава сама за својата иднина. Граѓаните, а не клановите, ќе ја донесат промената што долго ја чекавме“, истакна Меџити, повикувајќи на мобилизација и обединетост.
Со отварањето на изборниот штаб, според Меџити, симболично е означен стартот на победата. „Струга ќе биде симбол на чесна власт и граѓанска енергија. Ова е нашата година – заедно ќе го направиме промената!“
Струга се разбуди – победата започнува сега.