Премиерот Христијан Мицкоски вечерва во гостување на ТВ Сител изрази цврста уверност дека Орце Ѓорѓиевски ќе биде следниот градоначалник на Град Скопје.
„Сигурен сум и убеден дека Ѓорѓиевски ќе биде идниот градоначалник на Скопје,“ изјави Мицкоски, потенцирајќи дека го познава повеќе од една деценија и дека доволно време имал да го запознае неговиот карактер, амбиција и работна етика.
„Ѓорѓиевски е целосна спротивност од решението во 2021 година, кога баравме надвор од партијата. Сега имаме автентично партиско решение, посветено и борбено,“ рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Во однос на коалицискиот партнер ЗНАМ, Мицкоски посочи дека преговорите сè уште траат, но оти „конвергираат кон позитивно решение“ и дека исходот ќе биде познат наскоро.
За „Вреди“, премиерот нагласи дека по развластувањето на ДУИ очекува катарза кај албанското гласачко тело, со што, како што рече, ќе се препознае политиката на „Вреди“ како поинаква и посоодветна од досегашната на ДУИ.