УТРО.мк

Во овој период од денот никако не смеете да пиете кафе – го уништувате вашето здравје

Во овој период од денот никако не смеете да пиете кафе – го уништувате вашето здравје
Vero

Кафето не треба да се пие веднаш по будење – постои оптимално време за првата шолја

Иако многумина веднаш по будењето посегнуваат по утринската шолја кафе, експертите предупредуваат дека тоа може да биде погрешен чекор за организмот. Според најновите здравствени препораки, кафето не треба да се консумира во првиот час по будење, бидејќи во тој период телото природно лачи високо ниво на кортизол – хормонот кој ни помага да се разбудиме.

Врвот на лачењето на кортизол се случува 30 до 60 минути по станување. Доколку тогаш се внесе кофеин, се додава непотребна стимулација, што може да предизвика нервоза, анксиозност и намалена осетливост на кофеин во подоцнежниот период. Тоа, пак, води до познатиот „пад“ на енергија веќе околу 10 часот претпладне, кога ефектот од кафето веќе се изгубил, а телото останува без енергетска поддршка.

Кога е вистинскиот момент за кафе?

Специјалистите препорачуваат првото кафе да се испие 60 до 90 минути по будење – кога нивото на кортизол почнува да опаѓа, а се зголемува присуството на аденозин, хормон кој предизвикува чувство на замор. Во тој момент, кофеинот делува најцелосно и најефикасно – го блокира заморот и обезбедува стабилна енергија.

Доколку се будите рано поради тренинг, кофеинот може да помогне во перформансите, но само ако сте доволно одморени. И тогаш, доволна е половина шолја кафе за да се постигне ефектот.

Важно е и да се избегнува консумацијата на кафе по 14 часот. Кофеинот останува активен во телото и до шест часа по внесувањето, а попладневното кафе може значително да го наруши ноќниот сон – дури и кога тоа веднаш не се чувствува.

За да се искористат сите придобивки од кафето, клучот е во времето – не во навиката.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран