УТРО.мк

Се потите во текот на ноќта? Не го игнорирајте ова, може да биде знак за сериозна болест

Се потите во текот на ноќта? Не го игнорирајте ова, може да биде знак за сериозна болест
Vero

Ноќното потење може да биде знак за сериозно заболување: Кога е време да се обратите на лекар?

Бубрезите се витални органи со клучна функција – тие ја филтрираат крвта, отстранувајќи штетни материи и вишок течности, што е од суштинско значење за одржување на здравјето на целиот организам. Но, кога нивната функција е нарушена, телото испраќа јасни сигнали кои не треба да се игнорираат.

Некои од симптомите можат да укажуваат и на сериозни состојби, како што е рак на бубрезите, иако кај одредени пациенти болеста може да тече без видливи знаци.

Меѓу најчестите предупредувачки симптоми се:

Присуство на крв во урината – често првиот аларм дека нешто не е во ред.

Појава на  отоци, особено во пределот на грбот или вратот.

Долготрајни болки помеѓу ребрата и долниот дел на грбот.

Намален апетит и нагло губење на телесната тежина.

Постојан замор и чувство на исцрпеност.

Покачена телесна температура која не се повлекува.

Интензивно ноќно потење, што може да биде сигнал дека телото се бори со тешка болест.

Иако овие симптоми не секогаш се поврзани со тешки здравствени состојби, нивната појава не треба да се занемари. Секоја невообичаена промена во функционирањето на телото е причина за навремено лекарско советување и детални дијагностички прегледи.

Раното откривање може да направи клучна разлика.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран