УТРО.мк

Ердоган го тестираше новиот модел на турскиот електричен автомобил TOGG

Ердоган го тестираше новиот модел на турскиот електричен автомобил TOGG
Vero

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска лично го тестираше најновиот модел на турскиот електричен автомобил TOGG – моделот T10F, за време на пробно возење во Истанбул.

Станува збор за целосно електричен фастбек-седан, кој претставува втор сериски модел на турскиот автомобилски производител TOGG, по веќе познатиот SUV модел T10X.

TOGG T10F беше официјално претставен на 9 јануари 2024 година, на Саемот за потрошувачка електроника (CES 2024) во Лас Вегас. Овој модел е дел од пошироката стратегија на компанијата, која предвидува производство на пет различни модели до 2030 година.

Компанијата TOGG го презентираше својот прв електричен прототип во декември 2019 година, а во 2022 започна масовно производство на моделот T10X, кој веќе се дистрибуира до клиентите.

Стратегиската цел на TOGG е да произведе еден милион возила до крајот на тековната деценија, со што Турција би станала значаен играч во индустријата на електрични возила.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран