УТРО.мк

Путин ја испрати најострата порака до Западот досега: “Ќе биде уште полошо”

Путин ја испрати најострата порака до Западот досега: “Ќе биде уште полошо”
Vero

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека целата руска држава, без исклучок, е мобилизирана во поддршката на фронтот, оценувајќи дека народот е единствен и обединет во целта за победа.

„Денес целата земја претставува еден народен фронт. Вашите иницијативи, вашата грижа, вашата енергија и секојдневна работа треба да бидат насочени кон тоа милиони луѓе да добијат можност да придонесат за победата“, рече Путин обраќајќи се на форумот „Сè за победата“ пред волонтерите од Движењето на народниот фронт, пренесуваат руските агенции.

Говорејќи за резултатите од употребата на руските беспилотни летала на фронтот, Путин нагласи дека западните даночни обврзници треба да знаат каде завршуваат нивните пари.

„Нашите дронови, распоредени долж линијата на фронтот, уништија непријателска техника вредна две милијарди долари“, рече тој, додавајќи: „Нека даночните обврзници од западните земји ги слушнат овие бројки и нека размислат каде нивните влади го трошат народниот буџет.“

Рускиот претседател упати и директно предупредување до западните сили: „Колку повеќе западните земји продолжуваат со политиката што досега ја водеа кон Русија, толку полошо ќе биде по нив.“

Во обраќањето, Путин се осврна и на загинувањето на генерал Михаил Гудков, кој од првите денови бил ангажиран во, како што ја нарекуваат во Москва, Специјалната воена операција во Украина. Бригадата со која командувал – 155. одделна бригада на морнаричката пешадија – отсега ќе го носи неговото име.

Во знак на почит, Путин оддаде минута молк за Гудков и за сите војници кои го загубиле животот на фронтот, нарекувајќи го Гудков „вистински руски офицер“.

Постхумно, на генералот му е доделена Златна Ѕвезда – највисокото државно одликување, а по него ќе бидат именувани и училиште во Доњецк и филијала на Морнаричката академија во Мариупол.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран