УТРО.мк

Нетанјаху: Хамас постави неприфатливи услови за прекин на огнот

Нетанјаху: Хамас постави неприфатливи услови за прекин на огнот
Vero

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека палестинската организација Хамас побарала неприфатливи измени во новиот предлог за прекин на огнот во Појасот Газа.

„Измените кои Хамас сака да ги внесе во катарскиот предлог ни беа соопштени синоќа и се неприфатливи за Израел“, се наведува во соопштението на кабинетот на премиерот.

И покрај тоа, Нетанјаху нареди испраќање на израелска делегација во Доха за учество во индиректни преговори со Хамас. Преговарачкиот тим треба да отпатува во текот на денот, додека самиот премиер, според најавите, ќе замине за Вашингтон.

Разговорите, во кои посредуваат Катар, Египет и САД, се фокусирани на постигнување договор за привремен прекин на огнот во Газа во времетраење од 60 дена, како и ослободување на заложниците кои сè уште се држат од страна на Хамас.

Иако обидите за воспоставување привремено примирје се во ќор-сокак со месеци, последниот предлог од посредниците предвидува најмалку двомесечно примирје, постепено ослободување на десет израелски заложници, како и враќање на посмртните останки на загинатите.

Во замена, Израел би ослободил значителен број палестински затвореници.

За време на прекинот на огнот, двете страни би се обиделе да постигнат траен договор за завршување на војната.

Во петокот, Хамас објави дека го предал своето одобрение за последниот предлог на посредниците од Катар и Египет.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран