УТРО.мк

Трагедија во Лисабон: Жичницата „Глорија“ се урна, загинаа најмалку 15 лица

Трагедија во Лисабон: Жичницата „Глорија“ се урна, загинаа најмалку 15 лица
Vero

Најмалку 15 лица загинаа, а 18 се повредени откако историската жичница „Глорија“ во Лисабон излета од шините. Петмина од повредените се во сериозна состојба, додека 13 се здобиле со полесни повреди.

Несреќата се случила околу 18 часот во близина на авенијата Либердаде, една од главните улици во португалската престолнина. Во моментот на несреќата во возилото се наоѓале 43 лица. Сè уште не е познато дали загинатите биле португалски државјани или туристи.

На местото на несреќата интервенирале 59 спасувачи со 21 возило, а Јавното транспортно претпријатие „Карис“ соопшти дека сите ресурси се активирани за справување со последиците. Според првичните информации, причина за несреќата можел да биде пукнат кабел на трасата, по што вагонот изгубил контрола и удрил во зграда.

Во Лисабон е прогласена тридневна жалост, а градоначалникот Карлос Моеда и претседателот на Португалија изразија сочувство и солидарност со семејствата погодени од трагедијата.

Жичницата „Глорија“ е една од најпознатите туристички атракции во Лисабон, која го поврзува плоштадот „Рестаурадорес“ со квартот Баиро Алто за само три минути, користена од локалното население и туристите.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран