Скопје – Онкологот Мери Пешевска, вработена на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје, денеска пред Основниот кривичен суд Скопје призна вина во обвинението за несовесно лекување на седум пациенти.
Пешевска изјави дека не е сигурна дали таа лично ја продолжувала терапијата на пациентите, бидејќи во тој период нејзиниот печат бил оставен на шалтер и користен од практиканти, со цел пациентите да не чекаат. „Совесно и одговорно тврдам дека мојата лозинка во системот и печатот сум ги оставила на шалтер и ги користеле практиканти и ја прифаќам вината“, рече таа.
Пешевска е обвинета заедно со поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев и уште двајца онколози, Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски. Васев пред Судот изјави дека не се чувствува виновен.
Случајот се однесува на наводно несовесно лекување на пациенти на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје.