УТРО.мк

Рашковски демантира: Немало изнесување пари, туку легален внес на кеш во Македонија

Рашковски демантира: Немало изнесување пари, туку легален внес на кеш во Македонија
Vero

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, демантираше дека бил задржан на границата со Грција при обид да изнесе 20.000 евра од Македонија.

„Во врска со некои натписи на медиумите дека сум задржан на граница со Грција се апсолутно невистина. Станува збор за легално пријавени средства на царинскиот службеник, со извод од банка, кои се внесуваат во државата, а не се изнесуваат. Ве молам како медиуми да не ширите невистини,“ напиша Рашковски на својот профил на Фејсбук.

Денеска дел од медиумите објавија дека Рашковски бил фатен со 20.000 евра кеш на граничниот премин, за кои немал покритие и не биле пријавени, како и дека бил задржан, а парите конфискувани. Тој тврди дека станува збор за неточни информации и инсистира дека средствата биле целосно законски пријавени.

Извор: plusinfo.mk

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран