УТРО.мк

Две млади лица сериозно повредени во страшна сообраќајка

Две млади лица сериозно повредени во страшна сообраќајка
Vero

Скопје – Вчеравечер околу 21:55 часот, на улицата „100“ во Ново Село се случи сериозна сообраќајна несреќа што остави две млади лица со тешки повреди.

Според полицијата, патничко возило „сузуки свифт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот А.М., се судри со мопед на кој се наоѓале 26-годишниот В.Ш. и неговата сопатничка И.В. (27) од село Волково.

Двете повредени лица беа пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им беа констатирани тешки телесни повреди. Увидна екипа од СВР Скопје изврши увид на местото на несреќата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран