Скопје, 5 септември 2025 – Полициски службеници од СВР Скопје во текот на 4 и 5 септември на различни локации во главниот град лишиле од слобода три лица поради поседување на наркотични средства.
Приведени се А.Б. (25) и М.Р. (30), двајцата од Скопје, како и А.Д. (31) од Прилеп. При полициските проверки кај нив биле пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.