Штип, 4 септември 2025 – Според информации од полицијата, 50-годишен жител на Штип е пријавен за тоа што на својата 17-годишна соседка ѝ понудил пари за да помине една ноќ со него.
Пријавата била поднесена од таткото на малолетната девојка, кој информирал дека соседот, идентификуван како Т.Г., ја допирал неговата ќерка.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат сите мерки за расчистување на случајот и утврдување на одговорноста на сторителот.