Скопје, 4 септември 2025 – На претходното рочиште во судот, четворица обвинети поднесоа предлог за признавање на вина, по што судот ја раздвои постапката.
Вешто лице назначено на предлог на одбраната истакна дека Раде Трајковски не е здрава личност која имитира лудило. Според експертската оценка, тој може пасивно да седи во судница, но не може активно да учествува во својата одбрана.
Доказ за неговата состојба на психоза, според вештото лице, е тоа што Трајковски се изолирал во соба со камери, со страв од албанската мафија и од полицијата. Исто така, во последно време одбивал да јаде месо, велејќи дека тоа се неговите браќа и сестри.