УТРО.мк

Зеленски најавува илјадници странски војници во Украина – Путин со реакција

Зеленски најавува илјадници странски војници во Украина – Путин со реакција
Vero

Украина ќе стане дом на илјадници странски војници, најави денес претседателот Володимир Зеленски по средбата со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

– Дискутираме за распоредување на илјадници, а не само неколку странски војници, и тоа е факт, истакна Зеленски.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, вчера потврди дека 26 земји се обврзале да обезбедат повоени безбедносни гаранции за Украина, вклучувајќи копнени, морски и воздушни сили.

Рускиот претседател Владимир Путин возврати дека секој западен војник во Украина ќе се смета за легитимна цел за руските напади, што дополнително ја зголемува тензијата во регионот.

Ситуацијата во Украина се менува драстично – илјадници странски војници се подготвуваат за распоредување, а меѓународната заедница внимателно ја следи секоја порака од Кремљ.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран