УТРО.мк

СБУ: Уништенa руска воздухопловна база во Крим – погодени три хеликоптери и систем „Панцир-С1“

СБУ: Уништенa руска воздухопловна база во Крим – погодени три хеликоптери и систем „Панцир-С1“
Vero

Во текот на ноќта, украинската Безбедносна служба (СБУ) успешно изведе напад со беспилотни летала врз руската воздухопловна база Кировске на привремено окупираниот Крим, соопшти СБУ преку Телеграм, пренесува Укринформ.

Во нападот се уништени три руски воени хеликоптери — Ми-8, Ми-26 и Ми-28 — како и самонаведувачки противвоздушен ракетен систем „Панцир-С1“. Според извештајот, предизвикана е значителна штета на воздушната инфраструктура, системите за ПВО, складишта за муниција и беспилотни летала.

СБУ наведува дека во раните утрински часови денес дошло до секундарни детонации на аеродромот, што дополнително ја зголемило штетата.

„Работиме систематски на намалување на способноста на Русија да изведува воздушни и бомбардирачки напади врз Украина. Окупаторите мора да сфатат дека нивната скапа опрема не е безбедна — ни на фронтот, ни на окупираните територии, ни во внатрешноста на Русија“, стои во соопштението на СБУ.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран