УТРО.мк

Руска пропагандна операција: Објавена листа на „русофоби“, меѓу нив претседатели и премиери

Руска пропагандна операција: Објавена листа на „русофоби“, меѓу нив претседатели и премиери
Vero

Руското Министерство за надворешни работи на 24 јули објави листа на западни лидери и јавни личности кои ги обвинува за ширење на „говор на омраза“ против Русија. На листата се најдоа претседатели, премиери и влијателни политичари кои, според Москва, изразиле антируски ставови. Овој потег веднаш беше оценет како дел од пропагандна офанзива на Кремљ против Западот.

Меѓу имињата е и претседателот на Италија, Серџо Матарела, што предизвика остра дипломатска реакција од Рим. Италијанската влада најави дека ќе го повика рускиот амбасадор на разговор, како знак на официјален протест. Премиерката Џорџа Мелони изјави дека објавувањето на ваква листа е „уште една пропагандна операција“ и нагласи дека Италија ги отфрла ваквите обвинувања.

Изјавата на Матарела поради која е ставен на листата датира од февруари, кога на Универзитетот Екс-Марсеј повлече паралела меѓу руската инвазија на Украина во 2022 и експанзионистичките војни на нацистичка Германија. Иако Италија традиционално има блиски политички и економски врски со Русија, по почетокот на војната во Украина, односите драстично се влошија, а Рим јасно застана на страната на Киев.

Освен Матарела, на руската листа се најдоа и германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон, новата висока претставничка на ЕУ за надворешна политика Каја Калас и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Руското Министерство за надворешни работи сè уште нема одговорено на барањето за коментар од агенцијата Ројтерс.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран