УТРО.мк

Русија го бара овој човек „под дрво и камен“

Русија го бара овој човек „под дрво и камен“
Vero

Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) поднесе обвинение против основачот на платформата Телеграм, Павел Дуров, и побара негово меѓународно гонење. Според руските медиуми, Дуров е обвинет за наводно олеснување на терористички активности преку апликацијата.

Информацијата ја објави руската новинска агенција Интерфакс, повикувајќи се на безбедносни извори, а ја пренесе и Ројтерс.

Од ФСБ тврдат дека Телеграм бил користен за извршување на голем број кривични дела од почетокот на војната во Украина. Според нивните наводи, станува збор за повеќе од 153.000 случаи, од кои околу 33.000 се поврзани со тероризам, екстремизам и саботажи.

Руските власти тврдат и дека преку платформата биле спречени стотици наводно планирани терористички напади, меѓу кои и напади врз образовни институции.

Москва го поврзува Телеграм и со нападот врз концертната сала „Крокус Сити Хол“ во март 2024 година, тврдејќи дека апликацијата била користена за координација на нападот. Од компанијата и од независни извори овие тврдења не се потврдени.

Руските власти претходно го прогласија Телеграм за потенцијална закана за националната безбедност, додека Дуров ги обвини руските власти дека се обидуваат да го ограничат користењето на платформата и да ги насочат корисниците кон домашниот месинџер MAX.

Во последниот период во повеќе руски региони беа пријавени проблеми со пристапот до Телеграм, а дел од руските воени блогери предупредуваат дека преминувањето кон новата апликација може да донесе безбедносни ризици.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin