УТРО.мк

Тетовец измамил лице за 5.150 евра: Ветувал помош за туѓа нега и социјален стан

Тетовец измамил лице за 5.150 евра: Ветувал помош за туѓа нега и социјален стан
Vero

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 52-годишниот С.Р. од селото Камењане, Општина Боговиње, поради сомнение дека сторил кривично дело „измама“.

Според Министерството за внатрешни работи, пријавениот измамил едно лице за сума од 5.150 евра, уверувајќи го дека ќе посредува за неговата сопруга да оствари право на туѓа нега, како и за обезбедување социјален стан.

По преземените мерки и целосното документирање на случајот, против осомничениот е поднесена кривична пријава.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin