УТРО.мк

Огрбени македонски туристи во Грција

Огрбени македонски туристи во Грција
Vero

Група македонски туристи останале без пет пасоши и други важни документи по провала во нивниот автомобил на паркинг во близина на популарен туристички локалитет во Грција.

Според нивното сведоштво, туристите се враќале од Сивири и застанале на паркингот кај „Sahara Beach Club“ за да ручаат. По враќањето до возилото забележале дека автомобилот бил провален, а исчезнала мала чанта во која ги чувале патните документи.

Во украдената чанта имало пет пасоши – на македонски државјани, но и документи на нивни пријатели кои поседуваат португалски и шпански пасоши, како и други документи поврзани со патувањето.

Случајот веднаш бил пријавен во грчката полиција, која извршила увид и составила записник. Туристите велат дека на безбедносните камери била забележана жена за која постои сомневање дека е поврзана со кражбата.

Тие упатија апел до сите туристи кои престојуваат во Грција да бидат внимателни и да не оставаат пасоши, пари и вредни предмети во автомобилите, дури и кога возилата се паркирани на фреквентни туристички места.

Кражбата на патни документи во странство може да предизвика сериозни проблеми за туристите и да го отежне нивното враќање дома.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin