УТРО.мк

Македонец (19) уапсен во Црна Гора поради обид за убиство на припадник на Шкаљарскиот клан

Македонец (19) уапсен во Црна Гора поради обид за убиство на припадник на Шкаљарскиот клан
Vero

Деветнаесетгодишниот македонски државјанин Андреј Танасковски е уапсен во Никшиќ во координирана акција на црногорската полиција, под сомнение дека е вмешан во обидот за убиство на Марко Љ. од Будва, познат под прекарот „Кан“, кој според тамошните власти важи за високопозициониран член на Шкаљарскиот клан.

Според црногорските медиуми, Танасковски бил пронајден во изнајмен стан во населбата Видрован, каде што се криел. Заедно со него бил уапсен и Н.М. (34) од Никшиќ, кој е осомничен дека му помогнал да избегне откривање и апсење.

Од Полициската управа на Црна Гора соопштија дека акцијата ја спровеле службеници од Регионалниот безбедносен центар „Запад“ во соработка со Секторот за борба против криминалот.

Танасковски бил баран по меѓународна потерница издадена од НЦБ Интерпол Подгорица, поради сомнение дека како член на организирана криминална група учествувал во обидот за убиство на припадник на спротивставена криминална група.

Нападот се случил на 7 август 2025 година во хотелскиот комплекс „Маестрал“ во Будва, кога цел на нападот бил Марко Љ., познат како „Кан“.

Во меѓувреме, против Н.М. е поведена постапка поради сомнение за кривично дело „помагање на сторител по извршено кривично дело“, бидејќи, според истрагата, му обезбедил засолниште и услови Танасковски да се крие од органите на прогонот.

Црногорската полиција соопшти дека истрагата за случајот продолжува, а надлежните институции преземаат понатамошни мерки за целосно расчистување на околностите поврзани со овој случај.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin