УТРО.мк

23-годишник обвинет за подметнување пожари во Франција – му се закануваат до 15 години затвор и казна од 150.000 евра

23-годишник обвинет за подметнување пожари во Франција – му се закануваат до 15 години затвор и казна од 150.000 евра
Vero

Дваесет и тригодишен маж е обвинет за серија намерно предизвикани пожари во департманот Вар, на југот на Франција, додека пожарникарите и натаму се борат со огнените стихии што зафатија повеќе подрачја.

Според обвинителството во Драгињан, осомничениот се товари дека подметнал повеќе пожари во местата Брињол, Кабас и Ван-сир-Карами во периодот од 19 до 24 јули. Тој бил уапсен по опсежна полициска истрага, а по приведувањето е изведен пред истражен судија, кој му одредил притвор до почетокот на судската постапка.

Против него е покрената истрага за кривично дело уништување со пожар на шуми, шумски подрачја, пасишта и засади што му припаѓаат на друго лице, при што е предизвикана неповратна штета врз животната средина. Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува казна затвор до 15 години и парична казна до 150.000 евра.

Во меѓувреме, пожарот кај Гро Бесијон сè уште не е ставен под контрола, а властите соопштија дека се појавиле и нови жаришта во местата Баржол и Корен.

Во гаснењето на пожарите се ангажирани околу 1.000 пожарникари, два хеликоптера и два тешки хеликоптери од типот „Пума“, кои работат на локализирање на огнената линија долга околу 160 километри. Истрагата продолжува, а обвинителството најави дека се испитува можна поврзаност на осомничениот и со други пожари во регионот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin