УТРО.мк

Речиси една милијарда долари од нуклеарниот буџет на САД пренасочени за ремонт на „Ер Форс Уан“

Речиси една милијарда долари од нуклеарниот буџет на САД пренасочени за ремонт на „Ер Форс Уан“
Vero

Американската администрација пренасочила 934 милиони долари од буџетот наменет за модернизација на нуклеарниот арсенал за реконструкција на претседателскиот авион „Ер Форс Уан“, објави Њујорк тајмс. Според весникот, точната цена на ремонтот е доверлива, а надлежните одбиваат да го коментираат трансферот на средствата.

Неофицијални извори од воздухопловните сили на САД потврдуваат дека парите биле повлечени од програмата „Сентинел“, чија цел е замена на копнените системи за лансирање нуклеарни боеви глави. Дел од експертите во Вашингтон го оценуваат потегот како спорен, бидејќи програмата „Сентинел“ важи за стратешки приоритет на Пентагон.

Иако не е потврдено дали целата сума ќе се потроши за комплетна реконструкција, извештаите укажуваат дека надградбата ќе вклучува засилени комуникациски системи, ракетна одбрана и нови млазни мотори.

„Никој не сака да зборува за мистериозниот трансфер на средства од еден од најскапите и најважни одбранбени проекти на САД“, пишува Њујорк тајмс.

Ремонтот на „Ер Форс Уан“ – симбол на американското претседателство – доаѓа во време на зголемени тензии во глобалната безбедносна архитектура, што дополнително ја отвора дилемата за приоритетите во распределбата на воените ресурси.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран