УТРО.мк

Првиот човек на НАТО призна дека во една работа, Русија е трипати поподготвена од Алијансата

Првиот човек на НАТО призна дека во една работа, Русија е трипати поподготвена од Алијансата
Vero

Руте: Русија произведува трипати повеќе муниција од НАТО – време е за зголемени одбранбени вложувања

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, предупреди дека Русија го засилува својот воен капацитет со досега невидено темпо, особено во областа на производството на муниција, каде, според него, има значајна предност во однос на Алијансата.

– Русија за само три месеци произведува трипати повеќе муниција отколку што НАТО успева да произведе за цела година – изјави Руте, повикувајќи ги земјите-членки да го зголемат својот одбранбен буџет на најмалку 5% од бруто-домашниот производ.

Тој нагласи дека дополнителните средства треба да бидат насочени не само кон класичната воена индустрија, туку и кон сајбер-одбраната и зајакнувањето на цивилната инфраструктура, која е клучна во услови на хибридни закани.

– Ако не го направиме тоа, ќе мора да научиме руски – рече Руте, алудирајќи на сериозноста на ситуацијата и потребата од итна и решителна акција.

Според него, ваквото вложување е клучно за одвраќање и превенција од понатамошна воена ескалација, но и за одржување на стабилноста и безбедноста на евроатлантскиот простор.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран