УТРО.мк

Бојкоски: СДС ја блокира реализацијата на грантот од ЕИБ, на штета на граѓаните на Битола

Бојкоски: СДС ја блокира реализацијата на грантот од ЕИБ, на штета на граѓаните на Битола
Vero

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Битола, Бојан Бојкоски, во изјава за ТЕРА ТВ ја обвини советничката група на СДСМ дека намерно го блокираат користењето на грантот од Европската инвестициска банка во вредност од еден милион евра, кој треба да се реализира преку Министерството за животна средина.

„Воопшто не очекуваме поддршка од СДС за овој грант. За жал, нивната цел да не се искористат овие средства во текот на градежната сезона е веќе остварена“, изјави Бојкоски.

Тој потенцира дека парите од ЕУ се грант, односно не се враќаат назад и се наменети за проекти што директно го подобруваат квалитетот на живот во Битола. Според него, граѓаните треба да бидат на прво место, а не партиските интереси.

„СДС е целосно одлепен од реалноста и од потребите на граѓаните. Наместо да придонесуваат за напредок, тие се занимаваат со блокади“, рече Бојкоски, додавајќи дека тешко може да се разбере отпорот кон искористување на европски пари за инфраструктура и животна средина.

Тој најави дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се бори за интересите на Битола и граѓаните, без оглед на политичките калкулации.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран