УТРО.мк

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов, неколку часа по разрешувањето

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов, неколку часа по разрешувањето
Vero

Поранешниот руски министер за транспорт, Роман Старовоит, е пронајден мртов само неколку часа откако беше разрешен од функцијата, јавуваат руските медиуми.

Според информациите на државната агенција РИА Новости, неговото тело било пронајдено денеска, а во близина е откриено огнено оружје. Засега нема официјална потврда за причините за смртта.

Старовоит беше разрешен од претседателот Владимир Путин по серијата инциденти и хаос во рускиот авиосообраќај, кои настанаа поради украинските напади врз инфраструктурата. Илјадници патници останаа заглавени на аеродромите, беа откажани 485 летови, 88 беа пренасочени, а повеќе од 1.900 доцнеле.

Кремљ досега не излезе со објаснување за смената на министерот, ниту пак за околностите поврзани со неговата смрт.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран