Додека поголемиот дел од Европа се соочува со екстремни горештини и суши, невообичаен метеоролошки феномен ги изненади жителите на североисточна Турција — во месец јули, региони беа покриени со снежна покривка.
Според извештаите на метеоролошката служба BH Meteo, снег паднал во областите Трабзон, Ерзурум и Ризе — планински краеви во близина на Црното Море, познати по својата влажна клима и разнолик релјеф. Сепак, вакви зимски сцени среде лето се вистинска реткост.
Температурите значително опаднале, предизвикувајќи изненадување и чудење кај локалното население, но и кај туристите, кои очекувале типично летно време.
Овој контраст уште еднаш го нагласува влијанието на климатските промени – додека голем дел од континентот се справува со рекордни жештини, некои региони искусуваат сосема спротивни, зимски услови.
Фотографии и видео-снимки од заснежените предели веќе се споделуваат на социјалните мрежи, предизвикувајќи внимание и реакции ширум светот. Фотографиите се во сопственост на ОФ Трабзон.
ФОТО: Of Trabzon