УТРО.мк

Преживеаните од бродоломот на Кипар: „Седиштата почнаа да лебдат, капетанот продолжи да плови, а потоа се слушна експлозија“

Преживеаните од бродоломот на Кипар: „Седиштата почнаа да лебдат, капетанот продолжи да плови, а потоа се слушна експлозија“
Vero

КИПАР – Нови потресни сведоштва излегуваат во јавноста по превртувањето на фериботот „Фило Џет“ кај Кипар, при што досега загинаа осум лица, а 18 се водат како исчезнати.

Неколку преживеани тврдат дека непосредно пред несреќата се случила експлозија во предниот дел од бродот. Еден од нив за локална телевизија изјавил дека „предниот дел експлодирал“, по што страничните прозорци се скршиле и во бродот почнала да навлегува вода.

Друг преживеан раскажал дека претходно го предупредил екипажот за навлегувањето на вода.

„Седиштата почнаа да лебдат, капетанот продолжи да плови, а потоа прамецот експлодираше“, сведочел тој.

Преживеаните тврдат и дека фериботот испловил и покрај лошите временски услови. Според новинарката од турските Кипари, Тумај Туѓан, патниците наводно побарале бродот да се врати во пристаништето откако наишол на бура, но тоа не се случило.

Капетанот и седум членови на екипажот се уапсени. Надлежните органи треба да утврдат што точно се случило, дали експлозијата била причина или последица на несреќата и зошто фериботот испловил во такви временски услови.

По трагичниот настан, властите на Северен Кипар прогласија тридневна жалост, која ќе трае до среда.

Истрагата продолжува, додека спасувачките екипи трагаат по 18-те лица кои сè уште се водат како исчезнати.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin