
Владата на Србија и кинескиот производител на литиумски батерии Jiangsu Reliance Energy Tech потпишаа договор за изградба на нова фабрика во Инѓија, инвестиција вредна 100,5 милиони евра.
Фабриката ќе биде наменета за производство на литиумски батерии, а проектот претставува дополнително продлабочување на економската соработка меѓу Србија и Кина.
Директорот на кинеската компанија изјави дека Србија била избрана како локација за инвестицијата поради пријателските односи меѓу двете земји.
„Србија беше избрана затоа што е пријател на Кина“, посочи директорот на Jiangsu Reliance Energy Tech.
Инвестицијата во Инѓија се очекува да придонесе за развој на производствениот сектор и за отворање нови работни места, а воедно да ја зајакне позицијата на Србија како дестинација за кинески индустриски инвестиции.

















