
КУМАНОВО – Пукотници одекнале во текот на ноќта на локалниот пат меѓу населбата Карпош и селото Никуљане, откако две лица кои се движеле со мопед во движење испукале неколку куршуми кон автомобил „Ауди“.
Според информациите од МВР, случајот бил пријавен во СВР Куманово на 31 август околу 02:45 часот, а пукањето се случило околу 02:40 часот.
Во моментот на нападот, автомобилот „Ауди“ со кумановски регистарски ознаки го управувал 34-годишниот Д.Д. од Куманово. Напаѓачите, според пријавеното, биле две лица кои се превезувале на мопед.
За среќа, при инцидентот нема повредени лица.
Полициска екипа од СВР Куманово извршила увид на местото, а се преземаат мерки за идентификување и пронаоѓање на сторителите.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот и утврдување на мотивот за нападот.

















