УТРО.мк

16-годишник од Тетово фатен како управува „БМВ“ без возачка дозвола

16-годишник од Тетово фатен како управува „БМВ“ без возачка дозвола
Vero

ТЕТОВО – Полициски службеници од СВР Тетово вчера лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Тетово, кој бил затекнат како управува патничко возило без возачка дозвола.

Случајот се случил на 30 август 2026 година околу 17:30 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово, кога полициски службеници при сообраќајна контрола запреле патничко моторно возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки.

При проверката било утврдено дека со возилото управувал 16-годишниот малолетник, иако немал стекнато право на управување, односно не поседувал возачка дозвола.

Возилото било одземено, а по целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе следува соодветен поднесок.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin