
СКОПЈЕ – Тројца жители на Скопје се лишени од слобода по физичка пресметка во која едно лице било повредено со остар предмет.
Како што информираат од полицијата, вчера околу 15:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.А. (56), Д.А. (18) и К.А. (51), сите од Скопје.
Според пријавеното, претходно на подрачјето на Шуто Оризари бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу приведените лица, од една страна, и Ш.А. (20) и неговата мајка, двајцата од Скопје, од друга страна.
Во текот на пресметката, според пријавата, Д.А. со остар предмет му нанел повреда на 20-годишниот Ш.А.
Полицијата работи на целосно расчистување и документирање на случајот, по што против инволвираните ќе следуваат соодветни поднесоци.

















