САД испратија на членките на Советот за безбедност на ООН нацрт резолуција за воспоставување на меѓународни безбедносни сили (MSB) во Пojaсот Газа, со мандат од најмалку две години. Силите ќе дејствуваат како „сила за спроведување“ и ќе вклучуваат трупи од повеќе земји, во соработка со „Мировниот комитет за Газа“.
МСБ ќе ги обезбедуваат границите со Израел и Египет, ќе штитат цивилни и хуманитарни коридори и ќе обучуваат нови палестински полициски сили.
Резолуцијата предвидува и процес на демилитаризација, вклучувајќи уништување и спречување обновување на воена и терористичка инфраструктура, како и разоружување на недржавни вооружени групи.
Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, истакна дека одлуката за испраќање на трупи ќе зависи од конечната верзија на резолуцијата на Советот за безбедност, која мора да се усвои со консензус без вето од постојаните членки. Дипломатските преговори и разговорите меѓу земјите партнери продолжуваат.































