УТРО.мк

Одговор на потегот на Трамп: „Вратете се дома“

Одговор на потегот на Трамп: „Вратете се дома“
Vero

Колумбискиот министер за внатрешни работи, Армандо Алберто Бенедети Вилјанеда, реагираше на одлуката на САД да воведат санкции против колумбиски функционери и остро ја нападна администрацијата на Доналд Трамп.

Во објава на социјалната мрежа Х, Бенедети напиша дека бил ставен на листата на санкции затоа што го бранел достоинството на Колумбија.

„Бидејќи го одбранив достоинството на земјата и реков дека претседателот Густаво Петро не е дилер на дрога, ме ставија на OFAC-листата без причина. Тоа покажува дека секоја империја е неправедна и дека нивната ‘војна против дрогата’ е измама за оружје. Во оваа земја никој не верува дека сум дилер на дрога. Никогаш не сум влегол во куќа на дилер. За САД, ненасилна изјава е исто што и да си дилер на дрога. Гринговци, вратете се дома,“ изјави министерот.

Да потсетиме, САД воведоа санкции против претседателот на Колумбија, Густаво Петро, неговата сопруга Вероника Алкосер, синот Николас Петро и министерот Армандо Бенедети.

Според соопштението на Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC), Петро и неговите најблиски соработници се поврзани со активности кои потпаѓаат под претседателскиот декрет EO14059, што се однесува на мерки против меѓународната трговија со наркотици и организираниот криминал.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран