УТРО.мк

Од што боледува претседателот на Америка и како се лечи таа болест?

Од што боледува претседателот на Америка и како се лечи таа болест?
Vero

Трамп има хронична венска инсуфициенција – модринки од ракување и аспирин

Белата куќа потврди дека претседателот на САД, Доналд Трамп, страда од хронична венска инсуфициенција, откако јавноста забележа модринки на неговата рака и отечени нозе.

Според портпаролката Каролина Ливит, Трамп неодамна имал оток на нозете, по што бил подложен на опсежни васкуларни тестови. Лекарите утврдиле дека вените во неговите нозе не ја враќаат крвта ефикасно назад кон срцето, што предизвикува задршка на течности и оток.

Модринките на раката, пак, според Белата куќа, се последица на чести ракувања и редовна употреба на аспирин – лек кој го зема превентивно за кардиоваскуларно здравје.

„Нема индикации за длабока венска тромбоза или артериски проблеми. Сите резултати се во нормални граници“, изјави д-р Шон Барбабела, личниот лекар на претседателот. Тој нагласи дека се работи за „бенигна и честа состојба“ кај лица над 70 години.

На 13 јули, Трамп беше снимен со отечени стапала на спортски настан во Њу Џерси, а неколку дена подоцна, модринка на неговата рака беше видлива при средбата со премиерот на Бахреин. Слична модринка била забележана и во февруари при средбата со францускиот претседател Макрон.

Дополнителните тестови исклучиле срцева слабост, оштетување на бубрезите и системски заболувања. Според докторите, Трамп е во „општо добра здравствена состојба“.

Што е хронична венска инсуфициенција?

Тоа е состојба во која залистоците во вените на нозете не ја пренесуваат крвта кон срцето како што треба, што доведува до нејзино задржување. Ризикот расте со возраста, дебелината и долготрајното стоење.

Третманот вклучува носење компресивни чорапи и подигнување на нозете, а се препорачува и секојдневна нега на кожата и контрола на другите фактори.

Лекарите појаснуваат дека појавата на модринки кај постари лица кои земаат лекови како аспирин е вообичаена, особено доколку се изложени на притисок или силно ракување.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран