УТРО.мк

Нетанјаху: Многу сме блиску до постигнување на целите против Иран

Нетанјаху: Многу сме блиску до постигнување на целите против Иран
Vero

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел е многу блиску до постигнување на својата цел – елиминација на двојната закана од иранската нуклеарна програма и балистички ракети. Тој нагласи дека Израел нема да дозволи да биде вовлечен во војна на исцрпување, но и дека нема да ја прекине операцијата предвреме.

„Нема да дејствуваме повеќе отколку што е потребно, но исто така нема да застанеме пред да ги оствариме целите. Кога тие ќе бидат постигнати, операцијата ќе заврши, а борбите ќе престанат“, изјави Нетанјаху за израелските новинари.

Тој рече дека режимот во Техеран претставува директна закана за постоењето на Израел, поради што се спроведува воена кампања насочена кон две клучни цели – спречување на иранската нуклеарна амбиција и неутрализирање на ракетниот арсенал.

„Чекор по чекор, се приближуваме до исполнување на тие цели. Многу сме, многу блиску“, рече тој, додавајќи дека иранскиот нуклеарен комплекс Фордo бил тешко оштетен од американски бомби за пробивање бункери во текот на ноќта, но дека точниот степен на штетата сè уште се проценува.

На прашањето каде се наоѓа иранскиот 60% обогатен ураниум, Нетанјаху одговори дека Израел внимателно го следи и оти располага со „интересни информации“, но одби да ги открие деталите.

Иран претходно објави дека ќе продолжи да се брани по секоја цена. Според западни извори, до израелските напади на 13 јуни, Иран облагородувал ураниум до 60%, што е само чекор до 90% – нивото потребно за изработка на нуклеарна бомба. Тоа е далеку над дозволеното ниво од 3,67% според нуклеарниот договор од 2015 година, од кој САД се повлекоа во 2018 година по одлука на тогашниот претседател Доналд Трамп.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран