УТРО.мк

Еден град во Македонија утре ќе остане без струја цели шест часа – ова се деталите

Еден град во Македонија утре ќе остане без струја цели шест часа – ова се деталите
Vero

Поради планирани технички зафати во електро-мрежата, утре, на 2 јули, речиси целиот град Дебар и неколку околни населени места ќе останат без електрична енергија во период од шест часа.

Прекинот во снабдувањето ќе трае од 8 до 14 часот и ќе се однесува на градот Дебар, освен делови од населбата „Венец“ и околината на Дебарското Езеро. Без струја ќе останат и селото Бањиште, бањскиот локалитет „Дебарско Бањи-Цапа“ во истото село, како и граничниот премин „Блато“, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Дебар.

Покрај тоа, без електрична енергија ќе бидат општинската зграда, Општата болница со проширена дејност, Одделението за внатрешни работи, населбата Бомово и бензинската пумпа на Макпетрол.

Граѓаните се замолуваат за разбирање и се препорачува навремено прилагодување на дневните активности.

Дополнително, непланиран прекин на струја се очекува и во селата Гари, Лазарополе, Тресонче, Селце и Осој.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран